Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје и Тетово имаат најмногу активни случаи на коронавирусот

Скопје и Тетово имаат најмногу активни случаи на коронавирусот

Скопје и Тетово имаат најмногу активни случаи на коронавирусот во земјава. 

Во Скопје има 58, а во Тетово 38, Кичево има 13, додека Куманово и Охрид имаат по 11 случаи. Битола има 6, а Струмица и Прилеп имаат по 5 активни случаи. 

Десет нови случаи на коронавирус се регистрирани во последното деноноќие, објави Министерството за здравство. Во тие 24 часа се направени 2.960 тестирања, а новите случаи се во три града. Во Скопје – 5, Тетово – 4 и Битола – 1.

Регистрирани се 5 оздравени пациенти, но и еден починат кој е од Струмица. Имал 64 години. 

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.

foto freepik

Слично

Поврзани вести