Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје и Тетово и во новата година најзагадени во Европа

Скопје и Тетово и во новата година најзагадени во Европа

И во новата година Скопје е најзагаден град во Европа. Според податоци од европските мерни станици, Скопје и Тетово ја предводат листата најзагадени градови на европскиот континент. 

Индексот на  ПМ 10 честички е 5 до 10 пати повеќе од дозволеното. Во смог и чад се разбудија скопјани на први јануари. 

Според податоците на мерните станици од Министерството за животна средина, високо загаден е и воздухот во Куманово. 

Битола е средно загадена, а ниско загадени се Кавадарци, Кочани, Кичево и Дебар. Многу ниско е загаден воздухот во Велес. 

Слично

Поврзани вести