Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје и Прилеп имаат најмногу активни случаи на коронавирус

Скопје и Прилеп имаат најмногу активни случаи на коронавирус

Во државата, Скопје и Прилеп се градови со најмногу активни случаи на коронавирус. 

Според најновите податоци на Министерството за здравство, Скопје има  5.017 активни, а Прилеп 757. Во Кавадарци има 572, во Охрид  436,  а во Неготино 367 активни случаи.  Најмалку има во Македонска Каменица, само 2 случаи. 

Во Македонија бројот на забоени расте, а денес има 947 нови случаи на ковид-19. Од ни во Скопје има 453, Прилеп – 65, Велес – 56, Неготино - 44, Кавадарци – 41, Штип – 30, Тетово – 29, Куманово – 26, Струмица – 22, Гостивар и Битола – по 21, Охрид – 19, Гевгелија – 18, Кочани – 17, Струга – 12, Крива Паланка и Крушево – по 9, Ресен – 7, Берово и Кратово – по 6, Делчево и Демир Капија – по 5, Дебар, Радовиш и Богданци – по 4, Кичево, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Валандово, Демир Хисар и Пехчево – по 2.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 110.209, бројката на оздравени пациенти е 96.570, на починати е 3.265, а бројот на активни случаи изнесува 10.374.

Слично

Поврзани вести