Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје и Куманово високо загадени

Скопје и Куманово високо загадени

Скопје и Куманово утрово се многу високо загадени. 

Концентрациите на ПМ10 честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прсторно планирани се движат од 129 во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат и 230 во Лисиче.

Месечните извештаи покажуваат дека минатиот месец скопјани дишеле загаден воздух меѓу 19 и 26 дена. Во Гази Баба воздухот бил загаден 19 дена, во Центар и Карпош 20, во Лисиче 25 и најмногу кај Ректорат 26 дена.

Високо загаден е воздухот во Тетово, Велес, Кавадарци, а средно загадено е во Битола и Кочани. 

Ниско загадени се Кичево и Дебар. 

Слично

Поврзани вести