Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ И КУМАНОВО СЕ ПОВРЗУВААТ СО ВОЗ: ќе се патува 40тина минути - но договор со Бугарија за тунелот се уште нема

СКОПЈЕ И КУМАНОВО СЕ ПОВРЗУВААТ СО ВОЗ: ќе се патува 40тина минути - но договор со Бугарија за тунелот се уште нема

Денеска беше најавена нова редовна железничка линија од Скопје кон Куманово. Како што посочи министерот за транспорт и врски, Алекснадар Николоски, возот од Скопје за Куманово ќе се патува 41 минута и ќе сообраќа двапати дневно.

Во одредени делови од денот, возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а кога ќе биде завршена пругата, и до Крива Паланка.

- Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Возот ќе сообраќа двапати дневно, наутро во 6:30 ќе тргнува од Куманово, а во 16:30 ќе се враќа назад и обратно. Ќе има четири возови дневно кои ќе оперираат за 41 минута што е навистина брзо - изјавиНиколовски по денешната посета на „Железници Транспорт". 

Сепак, на новинарско прашање дали има договор со Бугарија за изградба на тунелот железничката пруга од Коридорот 8 без кон линијата кон Бугарија е залудна, Николоски одговори негативно. 

Тој кажа дека „Се уште нема договор, кога би имало би го објавиле“, и дополни дека се водат интензивни разговори и прашање на време е, на недели, а не на месеци, кога ќе се излезе со позитивни вести ако постои добра волја од страната на Бугарија.

- Идејата е да постигнеме договор со кој Скопје и Софија ќе се поврзат, а не да не се поврзат како што е сега, за жал. Договорот треба да содржи три сегменти, првиот е изградба на заеднички тунел што треба да ги поврзува двете држави. За жал, во претходниот проект тунелот завршуваше буквално на пола, на слепа улица или слепа пруга, вториот дел е јасна обврска да преземе Софија да го изгради делот од границата со Македонија до Ѓуешево, како и да го реконструира делот од Ѓуешево до Софија за да има модерна пруга и од нивната страна и третата обврска е наша, да направиме ревизија на проектот што веќе правиме зашто е невозможно толку скапо да чини тој проект, за толку малку километри толку многу пари да се потрошат - истакна Николовски по денешната посета на „Железници Транспорт". 

Тој исто така посочи дека четирите локомотиви од Србија се стигнати минатата година. 

- Тоа беше одлична работа зашто им донесе приход на „Македонски железници“ и со тој приход можевме да инвестиравме во ова што го промовираме денес, а постепено ќе користиме целосно домашни, македонски локомотиви - нагласи министерот. 


Слично

Поврзани вести