Скопје и другите градови со чист воздух по вчерашниот снег и ветар
Скопје има чист воздух - покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина. Тие покажуваат ниско или многу ниско загадување во главниот и другите градови.
Мерните станици низ градовите во земјава денеска покажуваат ниско или многу ниско загадување на воздухот во Скопје, Велес, Гевгелија, Кочани, Струмица,Тетово, Кичево, Охрид, Гостивар, Кавадарци, Кочани.
Жителите на овие градови дишат чист воздух. Снегото и ветерот ги издуваа отровните честички во воздухот, но и оваа зима актуелна ќе биде темата за аерозагадувањето.
Од министерството потсетуваат дека за четирите најголеми градови - Скопје, Куманово, Тетово и Битола се подготвува нов проект од 5,5 мкилиони евра за замена на нееколошки со еколошки системи, набавка на еколошки автобуси и зазеленување на општините.
Од таму додаваат дека инсталирана е и дигитална кампања „топли препораки“ за да не се горат пластика, гума и паркети во текот на зимата.
Активистите на О2 пак реагираат дека власта ќе ги скрати средствата за заштита од загадениот воздух за следната година, а дека годинава прерано починале 5.600 лица поради ПМ2,5 честичките.
