Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје ги пушти во употреба електричните метларки

Скопје ги пушти во употреба електричните метларки

Градското претпријатие „Комунална Хигиена“ денеска започна да ги употребува новонабавените 12 електрични метларки наменети за вакуумско чистење. Од Град Скопје соопштија дека ќе се употребуваат за одржување на хигиената на јавните површини.

Во текот на денешниот ден, екипите на Претпријатието со новите метларки ги чистат Плоштадот и улицата Македонија, централното градско подрачје, булеварот Илинденска и булеварот Партизански одреди.

Новите метларки коишто ќе се употребуваат за чистење и одржување на хигиената на јавните површини низ градот, се еколошки машини што работат на електричен погон и нема да го загадуваат амбиенталниот воздух.


Слично

Поврзани вести