ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје Европска престолнина на културата – мистерија: Не се знае ниту план, ниту агенда

Скопје Европска престолнина на културата – мистерија: Не се знае ниту план, ниту агенда

Програмата за Скопје - Европска престолнина на културата во 2028 година обвиткана во мистерија. Ја нема на официјалната веб страница, а не е ниту презентирана на јавноста. Од ретките работи кои јавноста можеше да ги слушне е изјавата на министерот за култура, Зоран Љутков, дека се подготвуваат 6-7 мултифункционални центри за 2028 година, кога градот ќе биде Европска престолнина на културата. Но, и за нив се надеваат дека ќе бидат готови до 2027 година.

„Ова е многу важен проект за културата, бидејќи Скопје ќе биде Европска престолнина на културата во 2028 година. Шест или седум вакви мултифункционални центри во Скопје се во тек на изградба или почнуваат да се градат и се надеваме дека до 2027 година ќе бидат завршени и во 2028 да ги имаме девет или десет, надвор од националните објекти кои ќе можат да ги примат и странските уметници за да можеме да им обезбедиме нормални услови за работа“, рече Љутков.

Скопје има и официјална веб страница како најава дека ќе биде Европска престолнина во 2028 година. А таму, нема нешто што би било важна информација околу програмата. На страницата стои и логото на Универзалната сала која изгоре минатата година, а за која не се знае дали воопшто би била пуштена во употреба пред 2028 година.


За разлика од Скопје,  градовите Ческе Будјејовице во Чешка и Бурж во Франција со кои Скопје ќе ја дели оваа титутла веќе сподлеуваат информации – од активности и проекти, па се до тоа кој е дел од тимот кој ги организира активностите.


Она што се знае е дека во прва фаза, објектот кој се гради во Општина Аеродром, а кој е обид да се спаси „Скопје Европска престолнина 2028“ ќе чини  99 милиони денари, но тука не е вкалкулирано опремувањето. Доколку ваквите мултифункционални објекти бидат отсликани како оној во Аеродром, повеќе општини низ градот ќе добијат кино сали, бидејќи такво нешто е предвидено во овој центар.

Претходно, Европската Комисија изрази загриженост од информациите кои ги добиле од претставници од Македонија за организирањето на настанот Скопје Европска престолнина на културата 2028. Министерот Љутков пак, рече дека се во комуникација со сите европски амбасадори, со цел Скопје да не ја изгуби оваа титула.

А.Т.

ad
Слично

Поврзани вести