Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје е жариште - има нови 569 заразени со коронавирусот

Скопје е жариште - има нови 569 заразени со коронавирусот

И овие 24 часа Скопје има многу голем број на заразени со коронавирусот. 

Главниот град е жариште на коронавирусот. 

Извештајот на Министерството за здравство покажа дека во Скопје има нови 569 случаи на коронавирус. 

Во Скопје вирусот досега е дијагностициран кај 16.401 граѓанин, активни се 6.372 случаи. 

По бројот на активни зад него се Тетово, Прилеп, Велес, Струмица, а зад нив доаѓа Куманово. 

За 24 часа во Македонија битката со вирусот ја изгубија 12 луѓе. 

Слично

Поврзани вести