СКОПЈЕ Е ПОД ОПСАДА, НАПАЃАЧИТЕ ПУКАЛЕ КОН ПОЛИЦИЈАТА: Еве што пренесоа медиумите од регионот за убиството
Балканските медиуми пишуваат за убиството кое денеска се случи кај Мавровка.
„Скопје е под опсада, напаѓачите пукале кон полицијата“, пренесуваат медиумите од регионот.
„Блиц“ пренесува дека веднаш е покрената потрага по убијците, и дека на подрачјето на Чаир осомничени пукале на полицијата од огнено оружје. Полицајците вратиле, и после тоа две лица се уапсени.
Автомобилот со кој било сторено убиството е најдено во Гази Баба, и било со белгиски регистарски таблици.
Веста ја пренесоа повеќе српски и хрватски медиуми.
Слично
