Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР ГРАД ВО ЕВРОПА ЗА ДИГИТАЛНИТЕ НОМАДИ: Во топ 3 се Сараево и Кишињев

СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР ГРАД ВО ЕВРОПА ЗА ДИГИТАЛНИТЕ НОМАДИ: Во топ 3 се Сараево и Кишињев

Скопје е прогласен за најдобар град во Европа за дигиталните номади.

Зад Скопје, се Сараево и Кишињев, објави британскиот магазин „Тајм аут“. Експертите за патувања од кредитната компанија „Нортон фајненс“ процениле 184 држави, земајќи ги предвид факторите: просечна кирија, комунални услуги, транспорт, фитнес-сала и трошоци за интернет, заедно со трошоците за повратен лет од Обединетото Кралство.

Како што наведува „Тајм аут“, Скопје е туристичка дестинација популарна по своите археолошки локалитети и улична храна. Јавниот превоз е една од причините зошто Скопје има толку добра оцена - месечниот билет за јавен превоз е осумпати поевтин отколку во Лондон.

На второто место на листата е главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, каде што просечната цена за изнајмување еднособен стан во центарот на градот е 275 евра месечно.

На трето место се најде Кишинев во Молдавија поради евтината цена на храната, што го прави атрактивна дестинација за дигиталните номади кои сакаат да заштедат пари.

На четвртото место е Софија, главниот град на Бугарија, а на петто - Букурешт, главниот град на Романија. На шестото место се најде српскиот главен град Белград.

Копенхаген и Даблин се сметаат за едни од најнеповолните европски градови за дигиталните номади поради високите трошоци за живот.

Numbeo е сајт кој се занимава со анализа на дневните трошоци ширум светот, а една листа ги рангира градовите на Балканот. Скопје е еден од поевтините градови во регионот. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести