„СКОПЈЕ Е БЕЗ АКВА ПАРК, БЕЗ ЛУНА ПАРК, БЕЗ ЖИЧАРА...“ Ивор Мицковски со сериозни критики до властите
Скопјанецот Ивор Мицковски. кој редовно ги коментира состојбите во градот, преку објава на социјалните мрежи реагира на тоа што Скопје нема никаква понуда за летниот период. Вели дека голем број објекти се напуштени и нефункционални, алудирајќи на Аква паркот, Луна паркот...
„ Аква паркот што е дел од СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и ова лето нема да работи.
Жичарата нема да работи цело лето пошто претходните лудаци не ја сервисирале. Луна парк немаме и 10 години се гради. Зоолошката е мачилиште на животни. Базените ни се очајни, сите 2 се пред затворање. Треска ја уништија за евтино градежно земјиште.Саем немаме ама плати зимаат вработените. Универзална немаме ама и таму течат плати.Старата чаршија е упропастена и измрцварена. Градот е една голема Зграда без содржина и ноќен живот. Еден парк не е направен во ниедна населба, ќе не проголта земјава од алчно градење. Абе Украина е во војна 4 години, па изгледа средено, чисто, се развива културен и секако живо“, напиша тој.
