Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје добива градски воз: Рехабилитацијата на пругата кон Зелениково во завршна фаза

Скопје добива градски воз: Рехабилитацијата на пругата кон Зелениково во завршна фаза

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека во тек се интензивни градежни активности на еден од клучните инфраструктурни проекти – воведување на градски воз, кој треба значително да го подобри јавниот транспорт во главниот град.

Заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП „МЖ Инфраструктура“ Синиша Ивановски, извршен е увид во работите на делницата Транспортен центар – Зелениково, во должина од околу 25 километри.

  • Градскиот воз претставува визија што се претвора во дело. Со овој проект поставуваме темели на модерен, ефикасен и одржлив јавен транспорт – истакна Ѓорѓиевски.

Според него, проектот ќе донесе бројни придобивки за граѓаните, меѓу кои побрзо движење низ градот, намалување на сообраќајниот метеж и подобрување на квалитетот на воздухот преку намалување на штетните емисии.

Во рамки на активностите се врши целосна модернизација на железничката инфраструктура, вклучувајќи демонтажа на стариот колосек, замена на дотраените дрвени прагови со нови бетонски, подобрување на засторот, како и машинско подбивање и регулирање со современа механизација.

Проектот во моментов е реализиран околу 65 проценти, а надлежните очекуваат негово успешно завршување во наредниот период.

  • Со синхронизација на возниот ред меѓу автобусите и возовите, ќе обезбедиме интегриран и ефикасен транспортен систем за сите граѓани – додаде градоначалникот.

Тој упати благодарност до сите вклучени во реализацијата, посочувајќи дека станува збор за значаен чекор кон модернизација на сообраќајната инфраструктура во Скопје


Слично

Поврзани вести