Скопје добива Европска зоолошка: Нови животни ќе ги радуваат и децата и возрасните
Скопската зоолошка градина се стреми да стане европска.
Нови животни ќе ја разубават зоолошката која е омилено катче за најмалите но и за сите жители . Сите се радуваат а убави вести доаѓаат токму од таму.
За прв пат во зоолошката во Скопје од мај и јуни ќе има прекрасни белоносести коати, ќе пристигне и морска лавица која ќе го дружи морскиот лав Кан а зоолошката од ова лето ќе стане дом и за нови лавови, еланд антилоп, зебри и нови птици.
Граѓаните задоволни велат дека се среќни поради овие убави вести.
-Се радуваме за новите животни кои се најавуваат од надлежните. Тоа му е потребно на градот за да имаме место каде да ги поминуваме слободните денови и да ги носиме нашите дечиња за разонода-велат жители на главниот град.
Она што го соопштуваат од Скопската ЗОО е дека шипанзото Коко нема да дојде само туку со три шимпанза.
