Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје денеска најзагадено, зад него се Тетово и Куманово

Скопје денеска најзагадено, зад него се Тетово и Куманово

Скопје денеска е најзагадено, а зад него се Тетово и Куманово. 

Ова се гледа од податоците од мерните станици поставени во градовите низ Македонија. 

Многу високо загадување на воздухот има во Центар, Гази Баба, Миладиновци, Ректорат, Лисиче и Карпош. 

ПМ 10 честичките во воздухот се на многу високо ниво над дозволеното, или во Гази Баба 408 на метар кубен,  402  Ректорат,  318 центар, 294 Лисиче, 216 Карпош и 161 во Тетово. 

Високо загадени се Куманово, Тетово, Битола, Кичево. 

Средно загадени се Кавадарци и Кочани, а  многу ниско Лазарополе. 

И покрај снежните врнежи во земјава, воздухот и натаму е загаден. 

Подолг временски период македонските градови се соочуваат со загаден воздух, со што се и меѓу најзагадените во Европа. 

На сајтот на Министерството за животна средина може да се добијат повеќе податоци за моменталната загаденост на воздухот. 

Слично

Поврзани вести