Скопје, Битола, Тетово и Прилеп - нови дојави за бомби
Лажни дојави за бомби утрово стигнале на електронските адреси на училишта во Скопје, Битола, Тетово и Прилеп.
Дојавите се пристигнати во две училишта во Тетово , едно училиште во Битола , три училишта во Прилеп и седум училишта во Скопје. Според официјалните информацииите од училиштата, тие се веднаш евакуирани и сите закани се пријавени во полиција. Попладнево закана за поставена бомба има и во основното училиште во селото Погорци Струшко.
„Попладнево на меил адресите на училиштата стигнаа заканите“, пишува градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.Веќе три месеци во земјава има лажни дојави за бомби. Полицијата откри малолетник од Скопје и друг малолетник од Кавадарци кој праќал мејлови со закани.
Слично
