Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопје 2014: Отворена зградата на јавното обвинтелство, тежи 13 милиони евра

Скопје 2014: Отворена зградата на јавното обвинтелство, тежи 13 милиони евра
Новата зграда на Обвинителството, денеска беше пуштена во употреба. Објектот во кој ќе се сместат Основното и Вишото јавно обвинителство -Скопје како и Јавното обвинителство на Република Македонија чини 13 милиони евра и е дел од проектот Скопје 2014. Јавниот обвинител Марко Зврлевски, го прошета дел од државниот врв низ објектот, на чело со премиерот Никола Груевски. „Со изградбата на зградата институциите кои ќе бидат сместени нема да плаќаат големи кирии за сместување во туѓи простории. Јавните обвинители како највисоки носители на јавната дејност нема повеќе да работат по двајца или тројца во иста канцеларија, а нуди современи и модерни услови за навремено и ефикасно водење на кривичната постапка“, истакна премиерот. Во објектот има четири соби, по една за препознавање и сослушување, потоа две конференциски сали, место за адвокатите да среќаваат клиентите. Зградата има и ресторан, но и кафе-бар за вработените.Исто така за секој обвинител отсега ќе има своја канцеларија. Со проектот вреден 13 милиони евра, премиерот Груевски вели дека ќе се заштеди од буџетот за високи кирии кои досега ги плаќало обвинителството.  
Слично

Поврзани вести