Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанка вознемирувана поради монтирани слики - „Јавна соба“ повторно на Телеграм

Скопјанка вознемирувана поради монтирани слики - „Јавна соба“ повторно на Телеграм

Во нова група на Телеграм, повторно со име „Јавна соба“, се објавуваат фотографии, фотомонтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од земјава, објави Телма. Од сликите на новата група се гледа дека таа има над 1.340 членови. 

Групата се појавила викендов, со име „Јавна соба резерва“, а според Телма, на девојка од Скопје ѝ биле објавени податоци од профилот на Фејсбук, заедно со туѓи фотографии со порнографска содржина.

Со часови, на девојката ѝ биле испраќани непристојни пораки и била вознемирувана. Поради големите непријатности, девојката го затворила профилот на социјалната мрежа. 

Дарко Костовски како креатор и Михаил Паневски како администратор во март месец годинава се осудени на 4 години казна затвор за случајот „Јавна соба“ за објавување на порнографска видео-содржина со малолетно лице.

Креаторот и администраторо на првата група „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“ беа обвинети за кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија, а судењето започна лани

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести