Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанка со тешки повреди итно пренесена на Ургентен по пад од скали во ГАК Чаир

Скопјанка со тешки повреди итно пренесена на Ургентен по пад од скали во ГАК Чаир

Вработена во Гинеколошко-акушерската болница Чаир во Скопје е хоспитализирана на Ургантниот центар при комлексот клиники „Мајка Тереза“ поради тешки телесни повреди кои ги добила на нејзиното работно место. 

Ова е нов случај на повреден работник. Станува збор за младата С.Ј.Т. (33) од Скопје, која се повредила на нејзиното работно место при пад од скали. 

Засега нема детали за нејзината состојба, но за несреќата е информиран трудовиот инспекторат. 

- На 18.05.2026 во 17:30 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена С.Ј.Т.(33) од Скопје. 

Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 13:30 часот на работното место во Гинеколошко-акушерска болница Чаир во Скопје при пад од скали. За настанот е известен трудов инспектор - се посочува во објавата на Министерството за внатрешни работи во нивниот редовен билетен. 


Фото: Архива

Слично

Поврзани вести