Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанка и тетовка добиле ќотек од сопрузите

Скопјанка и тетовка добиле ќотек од сопрузите

Во полиција се пријавени случаи на семејно насилство во Скопје и Тетово.

Жена на возраст од 45 години од Скопје вчера пријавила дека во домот на подрачјето на Аеродром ја нападнал нејзиниот сопруг С.П.И. (50) од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

Во Тетово е приведен Џ.Б. (46), поради тоа што физички ја нападнал неговата  сопруга на возраст од 47 години. По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе пријава. 

Во полициските билтени често има пријави за семејно насилство. Дури имаше пријава од скопјанка дека сопругот се заканувал со нож. Последниве месеци имаше и два фемициди, прво во Куманово, а потоа во Кочани. 

Слично

Поврзани вести