Скопјанка чистела шкаф со алат и пронашла предмет што наликувал на рачна бомба
Шеесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека во семејната куќа пронашла предмет што наликувал на експлозивна направа.
Според информациите од МВР, таа на 3 јуни околу 10 часот чистела шкаф со алат, кога го забележала предметот. На него имало натпис „СРБ“ и „БР. М75 школска“.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Целото известување од МВР
На 04.06.2026 околу 13:30 часот во СВР Скопје, В.Н.(69) од Скопје пријави дека на 03.06.2026 околу 10:00 часот, додека чистела шкаф со алат во семејната куќа, пронашла предмет што наликувал на експлозивна направа - рачна бомба на која имало натпис СРБ и БР. М75 школска. Се преземаат мерки на расчистување на случајот.
Слично
