Скопјани во бегство од полиција фрлиле од автомобил кеса со кокаин
Двајца дилери на кокаин биле уапсени откако се обиделе да избегаат на полицијата при рутинска контрола.
СВР Скопје до скопското до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Б.Љ. (34) од село Горна Матка и против Е.Р. (24) од село Сарај, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Според полициското соопштение на МВР, полициска патрола во саботата околу 16.20 часот во Горна Матка забележала автомобил „ауди“ и му дале знак на возачот да го сопре возилото. Тогаш возачот Б.Љ. се обидел да побегне, но набргу потоа бил запрен. Непосредно пред да застане „аудито“ од внатрешноста била исфрлена најлонска кеса, која подоцна била пронајдена. Во кесата имало кокаин со маса од 69 грама.
Веднаш по настанот ,Б.Љ. и Е.Р. се уапсени и се задржани во Полициската станица Гази Баба.
