СКОПЈАНИ СИНОЌА СЕ ИЗРАДУВАА НА ПРВИОТ СНЕГ: Еве какво време не очекува во следните денови, температурите ќе паднат и до -15 степени
Во доцните вечерни часови, скопјани се израдуваа на првиот снег, кој околу еден часот утрината остави бела покривка на возилата.
Метеорологот Славчо Попоски пак, вели дека допрва доаѓа студот.
Во текот на денешниот ден, врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има на повеќе места низ Македонија, па така понекаде и во градовите се очекува формирање на мала снежна покривка, вели Попоски.
Како што објави тој, на планините и на Скијачките центри се очекува формирање на позначителна снежна покривка (до утринава и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе).
Од денес ни следува сув студ, а температурите наутро понекаде ќе се спуштат и до -10 степени. Преку ден останува многу студено со температури кој на повеќе места ќе се задржат околу или малку над нулата. Понекаде тие ќе останат и под нулата.
Во Скопје исто така очекуваме провејување на снег, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини.
Сето ова ќе биде проследено и со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет.
Во сабота и во недела очекуваме поларни утра и температурите на воздухот понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени. Нови обилни врнежи од снег и нов циклон барем според сегашните излази на нумеричките модели очекуваме веќе следната седмица.
