Скопјани се враќаат дома, наплатната рампа кај Петровец најфреквентна
По четиридневното празнување, граѓаните кои одлучија 1 Мај и Велигден да го прослават надвор од своите урбани средини, се враќаат дома пред почетокот на новата работна недела.
Скопје речиси беше испразнето за време на велигденските празници, ни пандемијата не ги спречи скопјани да заминат надвор од градот, па за очекување е тоа што видео-камерите на „Државни патишта“ покажаа убедливо најголема фреквентност на движење на наплатната рампа за патарина во Петровец.
На огласите за викенд-сместување за четирите слободни денови од споените велигденски и првомајски празници, беше кажано дека се е веќе резервирано.
Слично
