Скопјани се разладуваат во градските базени, но ги посетуваат и оние надвор од градот
Жителите на главниот град кои летово се уште не се заминати на одмор ќе можат да се разладуваат во Олимпискиот базен „Центар“, Аквапаркот, базенот „бисер“ во Аеродром.
Во ниеден од базените не е дозволено внесување храна, вода, пијалаци, затоа граѓаните треба со себе да си понесат дополнително повеќе пари. Во некои базени задолжитечно е носење капа за пливање.
Од вторник до недела започна да работи Олимпискиот базен Скопје. Од таму велат дека нудат највисок степен на хигиена, вода проверена од Центар за јавно здравје "Скопје" за хемиска, бактериолошка и физичка исправност, отворена тераса со лежалки, чадори и шанк и лиценцирана спасителска служба
Аквапаркот е отворен од 20 јуни, а од крајот на јуни работи и базенот „Бисер“, популарно наречен Воен Базен.Но, Скопјани во последно време ги посетуваат и базените крај главниот град, како што се оние во Кучково, Визбегово, Јурумлери итн.
