Скопјани почнаа да ги „поганат“ новите контејнери
Скопјани започнаа со „поганење“ на новите контејнери откако на социјалните мрежи се споделува фотографија на еден таков со оштетен механизам, односно рачката за отворање на капакот. Новите затворени контејнери започнаа да се местат на местото на старите на почетокот од оваа недела.
Контејнерите се опремени со механизам за автоматско затворање на капакот, педала за ножно отворање, рачка за отворање приспособена за користење за лицата со попреченост и упатства за правилно користење.
Град Скопје набави 540 нови контејнери, 30 нови контејнери за селектирање на отпад и 950 нови корпи за џебен отпад.
Слично
