Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјани од јуни ќе можат да се забавуваат во аквапаркот во Карпош

Скопјани од јуни ќе можат да се забавуваат во аквапаркот во Карпош
Аквапаркот во населбата Карпош ќе започне да функционира за два месци. Веќе се гледаат административната зграда и двете кули каде што ќе има 10 тобогани,а при крај е и базенот со бранови, а во фаза на реализација се и мрзливата река и детскиот базен, тематизиран според „Пиратите од Kарибите“, пишува „Дневник“. Аквапаркот кој ќе започне со работа во јуни годинава ќе работи во две смени и тоа едната од 10.30 до 17.30 часот и другата од 18 до 1 часот по полноќ. Влезниците ќе чинат од 250 до 350 денари. - Цената ќе биде варијабилна заради понудата на фамилијарни пакети, а ќе има и гратис-влезници за тие што ќе го посетат објектот петпати во еден месец - најави  директорот Ратко Kапушевски за Дневник.
Слично

Поврзани вести