Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СКОПЈАНИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРУЈАТ ЗАРАДИ КАМПАЊАТА НА ЃОРЃИЕВСКИ“: Шукова нуди поразлично решение за Вардариште

„СКОПЈАНИ НЕ СМЕЕ ДА СЕ ТРУЈАТ ЗАРАДИ КАМПАЊАТА НА ЃОРЃИЕВСКИ“: Шукова нуди поразлично решение за Вардариште

Граѓаните вчера на протест јасно порачаа: доста е со труењето од Вардариште. Наместо празни зборови, бараат конкретни но итни решенија. Вчера повторно мирисаше на чад во домовите на граѓаните од тие општини. Чадот и смрдеата ги гушат жителите на Ново Лисиче, Аеродром, Маџари и Автокоманда.
Ова го посочи денеска кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на опозициската СДСМ, Каја Шукова. 
Таа истакна дека нејзиниот противкандидат ги потценува граѓаните. 
- Орце Ѓоргиевски ги потценува овие граѓани. Неговото наводно решение за парк е срамна изборна манипулација. Тоа е навреда за сите што протестираат и секојдневно се трујат.

Орце ќе го претвори Вардариште во парк онолку колку што го „дислоцираше“ Центарот за зависници од Кисела Вода - укажа Шукова на пресконференција. 

Потоа дополни дека конкурентите немаат решение... 

- Да бидеме јасни:

Тие немаат решение а нашиот план е реален и во две фази: Прва фаза за заштита од палење. Во рок од 45 дена систем за спречување na палењето на депонијата.

Оградување на Вардариште

24-часовна физичка контрола и обезбедување на Вардариште.

Поставување на систем за видео надзор

Во втора фазана среден и долг рок:

Изградба на современа претоварна станица и целосна санација на контаминираната локација.

Воспоставување целосен систем за управување со отпад – од собирање до финално депонирање во Дрисла, со задолжителна селекција.

Обнова на механизацијата за собирање и транспорт на отпад.

Постојан мониторинг и надзор според највисоки еколошки стандарди.

Ова е вистинското решение за Вардариште, се друго се бајки и приказни на ВМРО-ДПМНЕ. Скопје нема време за нови лаги. Скопјани не смее да се трујат заради кампањата на Ѓорѓиевски. Јас гарантирам: ќе ставиме крај на труењето, ќе обезбедиме здравје за сите и ќе изградиме град по европски стандарди - заклучи на крајот Шукова. 


Слично

Поврзани вести