Скопјани конечно ќе се спасат од комарци-еве кога ќе се прска
Конечно надлежните од Град Скопје најавија прскање против комарците.
Оваа сезона градот задоцни со прскањето а веќе денеска соопштија дека првата фаза од терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира во периодот од утре, 03.07.2018 година (вторник) до 07.07.2018 година (сабота), во периодот од 23 до 04 часот наредниот ден.
Сепак доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши кога ќе бидат поволни временските услови.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Слично
