Скопјани измамиле Косовец дека ќе му обезбедат помилување од Иванов за 8000 евра
Двајца скопјани добија кривични пријави за измама затоа што излажале Косовец кој бил во македонски затвор дека може да му издејствуваат помилување од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов и за оваа услуга од него зеле 8.000 евра.
Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т. (37) и З.П. (46) и ги товари дека од мај 2014 година до март 2015 година го довеле Косовецот во заблуда дека може да обезбедат помилување за остатокот од неговата затворска казна.
Откако ги добиле парите, А.Т. му врачил фалсификувано решение за помилување и други документи, наводно потпишани од претседателот Иванов.
Слично
