Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈАНИ И ЦЕНТАРЦИ ВЕЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШАТ ВОДНО ДА НЕ ИМ ПАДНЕ НА ГЛАВА: „Шанса за Центар“ предупредува за изгласаниот ДУП на Водно

СКОПЈАНИ И ЦЕНТАРЦИ ВЕЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАШАТ ВОДНО ДА НЕ ИМ ПАДНЕ НА ГЛАВА: „Шанса за Центар“ предупредува за изгласаниот ДУП на Водно

Од граѓанската организација „Шанса за Центар“ реагираат за изгласувањето на новиот Нацрт-ДУП кој предвидува изградба на нови 25 објекти на Водно.
„Социјалдемократите и демохристијаните заедно сметаат дека правото на сопственост и на градење на Водно е поважно од правото на граѓаните да бидат безбедни од тоа Водно да не им се сруши на глава.

Двете најголеми партии (без поединци) си го изгласаа Нацрт-ДУПот за Барутана со кој на подрачје на Водно кое е означено како подрачје под влијание на ерозија се планира изградба на уште 25 големи објекти од кои 24 се приватни куќи - хациенди.

Советниците на Шанса за Центар, Левица и ЗНАМ и уште двајца поединци од големите партии беа против ваквото искористување на падините и шумите на Водно.

Ако Галите во стрипот „Астерикс и Обеликс“ се плашеа „небото да не им падне на глава“, скопјани и особено центарци, треба веќе да се плашат Водно да не им падне на глава.

Не може да се задоволи огромниот апетит за разјадување на шумата на планината која треба да го штити градот од поројни поплави и лизгање на земјиште“, реагираат од „Шанса за Центар“.



Слично

Поврзани вести