СКОПЈАНИ ГО ПАМЕТАТ КАКО НАЈДОБАР ГРАДОНАЧАЛНИК, А СЕГА Е НОМИНИРАН ЗА МИНИСТЕР: Ристо Пенов на чело на Министерството за локална самоуправа
Премиерот Димитар
Ковачевски на крајот на денешната прес конференција на која ги објави новите
владини антикризни мерки најави дека утре од неговиот Кабинет ќе биде испратена
во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална
самоуправа, откако ја пратил и оставката од таа функција на неговиот сопартиец
од ЛДП – Горан Милевски.
Јавноста го паменти Пенов како еден од најдобрите градоначалници на Градот Скопје кој ја имаше функцијата цели осум години, односно два градоначалнички мандати. од 1996 до 2004 година. Под негово раководство во главниот град, токму во тие години беа завршени целосно најзначајните капитални проекти, односно беа реализирани меѓуградската автобуска станица, познатата улица Водњанска, како и градскиот плоштад при што старите гранитни цигли беа земенети со нови.
ФОТО: YouTube