Скопјани дневно трошеле над 300.000 метри кубни вода
Скопјани рационално да ја користат водата во деновите со екстремно виоски темепартури, апелира Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје. Бараат особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување. Дневно се трошело по 300.000 метри кубни вода.
„Врз основа на податоците од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40°C, како и подaтoците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемената потрошувачка на водата која дневно надминува 300.000 м3, претпријатието апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови, стои во соопштението.
