ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СКОПЈАНЕЦОТ ЗОРАН НАСТЕСКИ ГО СОВЛАДА ТЕРОРИСТОТ ВО АВИОНОТ КОН ГЛАЗГОВ - видеото брзо се прошири насекаде

СКОПЈАНЕЦОТ ЗОРАН НАСТЕСКИ ГО СОВЛАДА ТЕРОРИСТОТ ВО АВИОНОТ КОН ГЛАЗГОВ - видеото брзо се прошири насекаде

Македонецот Зоран Настески е херојот кој го спречи терористички напад во авион на летот Лутон - Глазгов. 

Видеото од соборувањето на терористот во авион кој патувал кон Глазгов кое масовно се споделува на социјалните мрежи ја вознемири јавноста, но и ги запали социјалните мрежи бидејќи беше воочливо дека лицето кое го соборува терористот е од Балканот. 

Стигна потврда дека храбриот патник бил скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија.

Настески го соборил на земја патникот - теторист кој на летот на „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов се заканувал дека има бомба и извикувал „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“ и се заканувал со бомба во авионот. 

Сепак, за среќа, откако бил соборен, патникот бил приведен од шкотската полиција, а бомба во авионот не е пронајдена. 


Видеото од соборувањето на терористот - патник го споделија повеќе јутјуб канали како НДТВ, кои го споделија видеото од Настески како соборува на под патник додека вика дека во авионот има бомба и го навредува американскиот претседател Доналд Трамп. 

Видеото, Настевски го објави и на својот јутјуб канал. 

Настески видеото го сподели и на неговиот Фејсбук профил, а сосема очекувано доби бројни пофалби за храброста и покани од медиуми да го сподели своето искуство. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

ad
Слично

Поврзани вести