Скопјанец загина излетувајќи во провалија во тетовско
Скопјанец загина во сообраќајка во тетовско, а неговиот сопатник е повреден.
Несреќата се случила ноќеска околу еден часот и триесет минути на локалниот пат Седларево- Мерово во близина на крстосницата за Луковица.
Б.К.(32) од Скопје од засега неутврдени причини изгубил контрола врз автомобилот „БМВ“ со скопски регистарски таблички кој го возел, по што излетал од коловозот, се превртел на покрив и паднал во бездна од дваесеттина метри на тешко пристапен терен.
Возачот починал на самото место, а неговиот сопатник С.Г.(40) од Скопје, кој се здобил со телесни повреди, бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде е пуштен на домашно лекување.
Слично
