Скопјанец возел камион на диво и удрил во полициска станица
Во раните утрински часови во 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Д.Р.(29) од Марино од општина Илинден, откако со камионот кој го возел на диво искршил капија од полициска станица во обид да бега.
Претходно, од улица „Јустинијан Први“ тој бил спроведен во кругот на Полициската станица Драчево затоа што управувал нерегистрирано товарно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки со активна забрана за управување моторно возило.
„Во кругот на полициската станица му била дадена наредба да го препаркира возилото, но наместо тоа тој се обидел да избега и притоа удрил во друго возило и во капијата од станицата, по што бил фатен и задржан“, информираат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, од МВР најавија соодветна пријава против него.
