Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец во автобус пренесувал дрога за Дортмунд

Скопјанец во автобус пренесувал дрога за Дортмунд

И.Ј.(22) доби кривична пријава поради основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. 

По претходно пронајдените пакувања со наркотична дрога -марихуана во автобус на редовна линија Скопје-Дортмунд, полицијата преземала мерки и активности за откривање и докажување на сторителот кој што имал намера да ја транспортира наркотичната дрога -марихуана надвор од Република Македонија. На 7 aприл околу 11:30 часот во автобус со скопски регистерски таблици кој сообраќал на редовната линија Скопје-Дортмунд, е пронајдена марихуана за која никој од патниците не се јавил како сопственик. 

Според доказите и добиените оперативни сознанија, како сторител на кривичното дело е идентификувано лицето И.Ј. од Скопје.

Слично

Поврзани вести