Скопјанец три пати го прекршил полицискиот час, ќе плати дебела казна
Скопјанец го прекршил полицискиот час во три наврати, па се товари дека сторил продолжено кривично дело согласно член 45 од Кривичниот законик. За него Јавното обвинителство предложи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 30 евра.
За уште 21 лице се предложени парични казни од 100 дневни глоби од по 20 евра за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Освен ова, Основното јавно обвинителство Скопје денеска достави и Предлог за издавање казнен налог за едно лице кое не ја почитувало мерката за строга изолација во државен карантин.
За овој обвинет е определена парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра.
