Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец со тинејџерка провалил во викендичка, а потоа не ја пуштал да си оди

Скопјанец со тинејџерка провалил во викендичка, а потоа не ја пуштал да си оди

Скопјанец не пуштал тинејџерка од Охрид да си оди од викендичката во струшко во која заедно провалиле.

Полицијата денеска уапси 30-годишен жител на Скопје поради сомнение дека противправно задржал тинејџерка од Охрид во викендичка.

„Денеска (16.04.2023) полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ж.В.(30) од Скопје поради сомнение дека во вечерните часови на 15.04.2023 противправно задржал 19- годишна девојка од Охрид, со која се познавале, во викенд куќа во струшко село, во која неколку часа претходно заедно влегле со употреба на сила“, се наведува во соопштението од МВР.

Полицијата работи на расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести