СКОПЈАНЕЦ СО НОЖ ЈА БОДЕЛ МАЈКА СИ ВО СТОМАКОТ - не му е прв пат, Обвинителството бара притвор
Јавното обвинителство поднело обвинение против 34 годишен скопјанец кој ја бодел со нож својата мајка во стомакот, а такво нешто имал сторено и претходно.
„Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против лице на возраст од 34 години, кое се товари за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 1 февруари во вечерните часови, по претходна вербална расправија, во дворот на семејната куќа на улицата „Ѓорги Крапчев“, обвинетиот извршил семејно насилство и телесно ја повредил сопствената мајка, нанесувајќи и убод од нож во пределот на абдоменот.
Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело за што се водат и други кривични постапки, фактот дека има и други поплаки од неговата мајка и опасноста тој да се даде во бегство, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице“, се вели во соопштението од Јавното обвинителствои на земјава.
