Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец со “Ауди А3“ излетал од коловоз и се превртувал на кров

Скопјанец со “Ауди А3“ излетал од коловоз и се превртувал на кров

На 29.04.2018 година во 23,10 часот на локалниот пат с.Миладиновци- с.Мралино, скопско, се случила сообраќајна незгода во која што патничко моторно возило “Ауди А3“ со скопски регистерски таблици управувано од Е.Б. (60) од Скопје, излетало надвор од коловозот и се превртело на кров.

Е.Б. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош истиот бил задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести