Скопјанец пукал од тераса кон жена додека шетала со кучето
Скопјанец од засега непознати мотиви решил да пука со својот пиштол кон жена која со своето куче се шетала во населбата Кисела Вода.
Полицијата информира дека во полиција се јавила Л.Т. од Скопје и пријавила дека шетајќи го своето куче од 14 катницата на булеварот „Борис Трајковски“ со улицата „Петар Дељан“, непознато лице од тераса пукало со огнено оружје.
Од страна на полицајци на лице место е затекнат 33-годишниот А.П. од Скопје, кој бил приведен во Полицијата во Кисела Вода.
На местото на настанот биле пронајдени чаури од пиштол непозната марка, а од лицето била земена парафинска ракавица.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слично
