Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец прободен со нож

Скопјанец прободен со нож

Во полиција доцна синоќа е пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје се забележани две повредени лица, од кои едното прободено со нож.

По интервенција на полицијата, е утврдено дека повредени се двајца скопјани на возраст од 28 години.

Едниот од нив со остар предмет е прободен во пределот на градниот кош и со возило на брза помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки повреди.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести