Скопјанец прегазил момче од Србија
Синоќа околу 22.30 часот на крстосницата од ул. „Славеј Планина“, ул.„362“, ул. „Македонско Косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф. К. (46) од с.Блаце, скопско, удрило во осумгодишно момче од Република Србија.
Како што соопштуваат од МВР од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Слично
