Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец со камион прегази велосипедист во Куманово

Скопјанец со камион прегази велосипедист во Куманово

Вчера претпладне скопјанец со транспортно возило прегазил велосипедист во Куманово, кој им подлегнал на повредите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

„На 05.08.2022 околу 11:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „11 Ноември“ во Куманово, товарно возило „Фусо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ќ.(48) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.М.(81) од село Лопате, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој по укажаната помош во болницата во Куманово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во  17:45 часот починал“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.  

Слично

Поврзани вести