Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец починал откако бил прегазен од камион кај Оровничка плажа

Скопјанец починал откако бил прегазен од камион кај Оровничка плажа

Скопјанец синоќа починал на самото место откако бил прегазен од камион додека го преминувал регионалниот пат кај Оровничка плажа во близина на Охрид.

„На 12.08.2021 во 18.45 часот кај Оровничка плажа на регионалниот пат Охрид – Струга, товарно возило „ман“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(33) од с.Оровник, општина Дебарца, удрило во пешакот Б.С.(58) од Скопје, кој починал на местото на незгодата“, соопшти полицијата.

Смртта ја констатирал лекар на Итната медицинска помош Охрид. Увид извршиле полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

Слично

Поврзани вести