Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец осуден на една година условно, коментирал против ЛГБТ заедницата

Скопјанец осуден на една година условно, коментирал против ЛГБТ заедницата

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која правосилно осуди скопјанец со една година казна затвор условно за кривично дело – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, откако пред три години коментирал против ЛГБТ заедницата.

Од својот профил на социјална мрежа, 30-годишниот скопјанец коментирал на објави на еден информативен портал, кои се однесувале на организација на т.н. Парада на гордоста во Скопје. Во коментарите повикувал на насилство и поттикнувал омраза кон припадници на ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група врз основа на сексуална ориентација.

„Пресудата е изречена на единствено рочиште врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот, кој прифати дека делото кое му се става на товар го сторил во време, место и на начин како што беше опишано во поднесеното обвинение.

Врз основа на тоа, Судот ја утврди како неспорна фактичката состојба дека сега осудениот на 26.02.2022 година, преку компјутерски систем во јавноста ширел репрезентации на идеи кои поттикнуваат омраза против маргинализирана група“, објави скопското обвинителство.


Слично

Поврзани вести