Скопјанец од с.Кучевиште прегазил две лица поминувајќи низ бадникарски оган
Инцидент во скопското село Мирковци се случил вчера кога жител на Кучевиште прегазил две лица откако поминал низ коледарски оган.
Имено, според полицијата настанот се случил ноќеска околу 1:40 часот во скопското село Мирковци, на местото викано „Горно Маало“, каде по повод Бадник имало запалено оган и биле присутни повеќе граѓани.
И.П. од село Кучевиште им се доближил на граѓаните и им се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази. Потоа тој го стартувал неговото теренско возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, тргнал кон присутните граѓани, поминал низ огнот и удрил во М.Б. (39) и Б.К. (39), двајцата од село Мирковци по што избегал во непознат правец.
Со возило на Итна медицинска помош, М.Б. и Б.К. биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош, двајцата биле пуштени на домашно лекување.
СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.
