Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец не сакал да оди во затвор, а имал да лежи седум години - полицијата го фатила

Скопјанец не сакал да оди во затвор, а имал да лежи седум години - полицијата го фатила

Полицијата денеска уапсила тежок криминалец кој не сакал да оди во затвор, иако бил осуден на долги години робија. 

На 12.02.2023 во 12.00 часот во близина на трговски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Оперативен тим - потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(39) од Скопје, соопшти МВР. 

„Тој се барал по централна потерница, врз основа на наредба од Казнeно-поправна установа „Идризово“, каде бил осуден на казна затвор во трање од 7 години и 3 месеци за сторени кривични дела разбојништво, по член 237 и тешки кражби по член 236 од Кривичниот законик, каде имал за доиздржување имал уште околу 2 години и 3 месеци. Воедно, за него била распишана и централна потерница од ЕВР Бит Пазар за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела. Д.М. е приведен и при извршен службен разговор признал едно разбојништво, кражба, како и десетина тешки кражби од возила, извршени во текот на јануари и февруари 2023 година, на подрачјата на ЕВР Карпош и на ЕВР Центар. Тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението о МВР.

Слично

Поврзани вести