Економија, финансии, бизнис

Контакт

Скопјанец на Камерунец му продал француска лична карта за 1.000 евра

Скопјанец на Камерунец му продал француска лична карта за 1.000 евра

Полицијата вчера уапси државјанин на Камерун на возраст од 29 години на граничниот премин Табановце, откако се обидел да ја напушти државата со туѓа француска лична карта, која е евидентирана како предмет на потрага од Интерпол.

Инцидентот се случил вчера во 18:12 часот, при излез од Македонија. При редовна гранична контрола, полициските службеници забележале сомнеж во документите што ги приложил П.М.Ф.Б. (29). По проверката е утврдено дека француската лична карта не му припаѓа нему и дека се води како предмет по кој трага Интерпол.

Дополнителните проверки покажале дека мажот бил регистриран во Прифатниот центар Визбегово. Тој пред полицијата изјавил дека спорната француска лична карта ја купил од лице од Скопје за 1.000 евра.

Камерунецот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слично

Поврзани вести